Published in Republic of Macedonia (FYROM) - Political debates and analysis - 01 Dec 2019 01:10 - 2
Јас сум тој што ги плаќа политичарите и не гледам причина да им овозможувам луксузен живот“, вели Јоаким Холм, шведски државјанин.Ова може да им звучи чудно на луѓето кои живеат во други држави, но Шведска не им нуди никаков луксуз или привилегии на своите политичари. Без службени автомобили или приватни возачи, шведските министри и парламентарци патуваат во преполни автобуси и возови, исто како и граѓаните што ги застапуваат.Без право на пратенички имунитет, ним може да им се суди како и на секој друг граѓанин. Без секретар пред вратата на кабинетот, канцелариите на парламентарците се помали од 8 метри квадратни.Политичарите што ќе се осмелат да потрошат јавни пари за патување со такси, наместо да се возат со воз, завршуваат на насловните страници на весницитеПолитичарите што ќе се осмелат да потрошат јавни пари за патување со такси, наместо да се возат со воз, завршуваат на насловните страници на весниците. Дури и претседателот на парлементот добива картичка за користење на јавниот превоз. Само премиерот има право на трајно користење на службен автомобил и лично обезбедување.Шведските парламентарци живеат во мали станови во главниот град, каде во пералниците самите ја перат и пеглаат својата облека. Тоа може да се чини прилично скромно за истакнати луѓе, а всушност е подобро отколку порано. До крајот на 1980-тите години, пратениците спиеле на каучот во своите канцеларии.
Никој на јавна функција не заработува голема плата: платите на членовите на шведскиот Риксдаг (парламентот) е околу двапати поголема од онаа на наставниците во основно училиште.На ниво на општините, секоја желба за вработување во политиката би можела да биде протолкувана како случај кој бара психолошка проценка: бидејќи шведските општински функционери не заработуваат ниту плата, ниту имаат право на канцеларија, а работат волонтерски од дома.
Искуството на Шведска ја урива неразумната идеја дека на политичарите треба да им се оддаде почит како на повисока каста, која ја сочинуваат дами и господа што се пославни од просечниот граѓанин и затоа заслужуваат право на бенефиции и привилегии, како да се речиси некои божества.Поранешниот премиер на Шведска Карл БилтТоа е држава која своите владини службеници и политички претставници ги третира како обични граѓани. Тоа е општество кое во шеесеттите години, го укинало користењето на формалните заменки и кадешто сите се обраќаат со „ти“. Затоа што, според шведскиот систем на вредности, никој не е над другите.Уште се сеќавам на чудното чувство кога сведочев на вонземскиот феномен – кога го видов шведскиот министер за надворешни работи и премиерот како туркаат количка за производи во супермаркет во Стокхолм. Или градоначалничката на Стокхолм како стои во редот на автобуската станица. Или претседателот на Парламентот како седи во метро.Без големи социјални нееднаквости, Шведска несомнено е побезбедна и помалку насилна држава, каде политичарите и граѓаните, обично, не мора да патуваат во непробојни автомобили. Но, уште поважно, ова е општество кое ги избира политичарите што мора да бидат во контакт со секојдневните проблеми на граѓаните. На политичарите не им е дозволено своите лични интереси да ги ставаат над општите, во општество кое покажува дека политичката моќ може да се оствари во границите на пристојноста.Во правосудниот систем, логиката е иста: нема судии што имаат право на службени возила, секретари или привилегии.Во правосудниот систем, логиката е иста: нема судии што имаат право на службени возила, секретари или привилегии.Тие што се на власт можат да бидат повикани на одговорност, а сите информации мора да бидат достапни за јавноста; шведската отвореност се одразува во самата транспарентност на политичката моќ, која се следи според најстариот закон за транспарентност во светот. Во 1766 година, јавниот пристап до службените владини документи станал уставно право за сите граѓани, содржано во посебно поглавје на Законот за слободата на медумите во Шведска.Во Шведска, во секој момент може да се следи трошењето на министрите, пратениците и судиите; да се прочита пријавата за данок на доход на премиерот; да се проверат трошоците на првите луѓе на полицијата или на врховниот командант на вооружените сили; да се следи како јавните агенции го трошат данокот што го плаќаат граѓаните и да се следат постапките, предлозите и службените одлуки кои ги донесуваат властите на сите нивоа.Еден од најзначајните политички скандали во оваа држава се случил во 1990 – тите години. Потпретседателката на владата, Мона Сахлин, купила чоколада, пелени и некои други предмети за лична употреба со кредитната картичка на Владата и за тоа скапо платила: ја изгубила работата. А овој скандал во аналите на шведската политика е познат како „Случај Тоблероне“.За нешто повеќе од 100 години, од сиромашно земјоделско општество Шведска се претвори во една од најбогатите, социјално најправедните и најмалку корумпираните држави во светот, каде никој не е над другите.
Шведскиот премиер Стефан Лофвен и францускиот претседател Емануел Макрон во автобус

Support
sirma vojvodasirma vojvodasirma vojvodasirma vojvodasirma vojvodareddanGehennaGehennaGehennaGehennaGehennagoodbeergoodbeergoodbeergoodbeerextremoBTextremoBTMikacstormsSOADSOADSOADSOADSOADSOADSOADSOADSOADMikacMikacMikacMikacMikacMikacMikacMikacDerassiDerassiMAKEDONEC